Научниците забележале светлина од другата страна на црната дупка за првпат во историјата, пренесе во четврток британски Индипендент. Ваквото откритие изгледа невозможно, со оглед на тоа дека црните дупки „јадат“ се што ќе им се приближи, вклучително и светлината.
Сепак, ова беше можно благодарение на фактот дека најновата студија користеше необичен ефект каде светлината еруптира околу црната дупка, за да можат научниците да видат што има од другата страна.
Откритието дојде откако научниците ги испитуваа Х-зраците исфрлени во вселената од супермасивна црна дупка лоцирана во центарот на друга галаксија, оддалечена околу 800 милиони светлосни години.
Х-зраците имаа невообичаена шема. По светли, сјајни рендгенски зраци, се појавија помали, а подоцнежните имале различни бои. Астрофизичарот на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија, Ден Вилкинс забележал дека Х-зраците делувале дека се насочени кон другата страна на црната дупка.
Бидејќи црните дупки ја уништуваат светлината, Вилкинс објаснува дека секоја светлина што влегува во црна дупка не излегува од неа, така што не треба да се гледа што се крие зад црната дупка.
Индипендент, сепак, наведува дека ова е поинаква, помалку позната карактеристика на црните дупки, којашто покажала дека може да се видат Х-зраци, а Вилкинс додава: „Причината што можеме да ја видиме светлината е затоа што црните дупки го искривуваат просторот, извртувајќи ги магнетните полиња околу нас“.
Постоењето на светлина од другата страна на црната дупка беше предвидено со теоријата на релативноста на Ајнштајн, но тоа никогаш не се случило и ова е првпат да се види светлина зад црна дупка.
Фото – Pxfuel