И гигантот Netflix ќе бара задолжителна вакцинација на вработените

- Advertisement -

Компанијата Netflix ќе воведе задолжителна вакцинација против КОВИд-19 за клучните екипи во американските телевизиски и филмски продукции. Американската компанија за стриминг ќе бара вработените од „зона А“, односно актерите и екипите кои се во близок контакт со нив да мора да бидат вакцинирани, пренесува BBC.

Јасно е дека Netfliх размислува за преземање слични мерки и во Велика Британија. Меѓутоа, актерот Шон Пен сака таквата политика да се прошири на сите членови на продукцијата, а не само на оние кои се класифицирани како „зона А“. Тој неодамна изјави дека нема да се врати на драмата Gaslit ако сите актери и екипата не се вакцинираат.

- Advertisement -

Netfliх се одлучи на овој чекор откако американската Агенција за контрола и превенција на болести објави дека маските повторно ќе мора да се носат во затворен простор дури и кога луѓето се целосно вакцинирани.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pixa Hive)

Сподели!
- Advertisement -