Првиот целосно 3Д печатен мост без никаква потпора беше откриен во Венеција

- Advertisement -

Првиот 3Д печатен мост во светот без никаква метална потпора беше откриен во Венеција. Мостот е демонстрација на нов метод на 3Д печатење кој како резултат дава структура на која не и е потребен ни бетон ни челик за да биде цврст.

Мостот е направен во соработка со Швајцарскиот федерален институт за технологија во Цирих (ETH Zurich) и компанијата Zaha Hadid Architects Computation and Design Group. Структурата е направена со 3Д печатени бетонски блокови користејќи нов тип на „бетонско мастило“ кое го произведува компанијата Holcim.

- Advertisement -

„Овој прецизен метод на 3Д печатење со бетон ни овозможува да печатиме со комбинирање на принципите на традиционално конструирање и дигиталното производствона бетон со цел да може да се користат материјали само каде што е структурно потребно без да се создава многу отпад“ вели Филип Блок, истражувач од Швајцарскиот федерален институт за технологија.

Шаџеј Бушан од Zaha Hadid Architects вели дека проектот е збир од стари архитектонски техники и модерни компјутерски дизајни. Целата структура, која се вика Striatus, се одржува во целина преку компресија, без никакво засилување.

- Advertisement -

Striatus стои на рамената на џинови. Мостот оживува стари техники, земајќи ја структурната логика од 1600-тите години и ја носи во иднината со дигитални компјутерски техники, инженеринг и роботски технологии за производство“ вели Бушан.

Структурата може лесно да се расклопи и да се постави на друга локација, а моментално се наоѓа во градините Маринареса како дел од биеналето Venice Architecture Biennale. Мостот ќе стои таму до ноември годинава.

- Advertisement -

(New Atlas)

(фото: Striatus Bridge)

Сподели!
- Advertisement -