Кинеската војска повеќе нема да користи Windows – почнуваат со развој на сопствен оперативен систем

- Advertisement -

Кинеската војска која на своитње компјутери моментално користи американски софтвер се одлучи на радикални промени поради страв од шпионирање. Затоа тие се откажуваат од Windows и почнуваат со развој на сопствен оперативен систем.

По неодамнешната одлука на маериканскиот претседател Доналд Трамп дека смартфоните на Huawei повеќе нема да можат да ја користат целосната верзија на оперативниот систем Android на Google, поради што ќе мора да користат сопствен оперативен систем, ова не е неочекувана реакција на Кина.

- Advertisement -

Додека од Huawei сакаат да го користат американскиот сосфтвер, но им е забрането, киенската војска намерно се откажува од користење на Windows и ќе почнат да развиваат сопствен оперативен систем кој ќе го користат на компјутерите.

Како што пренесуваат медиумите, Кина повеќе не може да им верува на Американците и на технологијата развиена во САД. Тие сметаат дека на своите компјутери мора да користат сопствен софтвер кој ќе биде многу побезбеден, односно потежок за хакирање и шопионирање во однос на Windows.

- Advertisement -

Бидејќи Американците веруваат дека соработката со кинеските компании, односно со Huawei може да претставува безбедносен проблем за нивната сигурност, истото го мислат и Кинезите и стравуваат дека Трамп и САд би можеле да го искористат Windows за шпионирање на кинеската војска.

За развој на оперативниот систем е собран тим од експерти за компјутери во рамките на Internet Security Information Leadership Group, која е целосно независна од војската и од разузнавачките агенции, а му одоговара директно на централниот комитет на владејачката партија.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -