Низ портите на двата македонски аеродрома во периодот јануари-јуни 2021 година минале 393.391 патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Притоа, на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ се регистрирани вкупно 19.502 патници, додека воздухопловниот превоз на Меѓународниот аеродром Скопје во првото полугодие се состоел од 373.889 патници.
Со олабавувањето на рестриктивните мерки и намалувањето на бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава, како месец во којшто е регистриран најголем број на патници на аеродромите годинава може да се смета јуни, кога во авиосообраќајот се забележани 114.022 патници.
Очекувањата се бројките на превезени патници да го достигнат рекордот годинава во текот на јули, како и во август, но само доколку нема забележителен пораст на бројот на новозаболени лица од ковид-19 во Македонија, што пак би можело да доведе рестриктивни мерки за патување на македонските државјани во странство или откажување на посетите на странски туристи на земјава.
(Meta.mk)
(фото: Wikimedia)