Научници работат на единствено решение за заштита од корона вирусот во иднина

- Advertisement -

Минатите две години научници од целиот свет беа фокусирани на пронаоѓање на лек или вакцина против КОВИД-19. Кога вакцините беа готови и ја докажаа својата ефикасност, научниците се пренасочија кон фруго побитно прашање – како да спречат таквата епидемија да се потвори во иднина?

Затоа група од над 20 научници од светот работи на развој на вакцина која би имала широка ефикасност против разни варијанти на корона вирусот. Ако успеат да направат таква вакцина, наредниот пат кога корона вирус ќе премине од животни на луѓе, што е многу веројатно сценарио, човештвото ќе биде подготвено.

- Advertisement -

Уште во март годинава Коалицијата за иновации за епидемиолошка подготвеност (CEPI, Coalition for Epidemic Preparedness Innovations) објави дека издвоила 200 милиони долари за развој на вакцина со широка заштита. Тогаш беа oптимисти и истакнаа дека се надеваат дека вакцината би покривала најголем дел од корона вирусите, а ќе биде достапна за 3 до 5 години.

Ако научниците успеат да направат таква вакцина и таа се покаже ефикасна, може да обезбеди заштита и против уште неоткриени и непознати корона вирусит кои може да се појават во иднина. Ни, научниците истакнуваат и дека тешко е да се замисли дека може да се направи вакцина која е ефикасна против сите корона вируси во светот делумно затоа што семејството на корона вируси е многу големи, а делумно и затоа што вирусите природно се менуваат со тек на време.

- Advertisement -

Од Коалицијата додаваат дека целта им е да помогнат да се создаде таква вакцина за секоја потенцијална закана во иднина, односно да создадат еден вид на датабаза на вакцини кои би биле разместени на стратешки позиции во светот. Така во случај да се појави некоја болест ќе се најде вакцина во таа датабаза и брзо ќе се дистрибуира на загрозеното подрачје и ќе се спречи појава на епидемија.

(Business Insider)

- Advertisement -

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -