Денес е Денот на планетата Земја

- Advertisement -

Денот на планетата Земја е годишен настан создаден во чест на животната средина на Земјата и да се подигне јавната свест за загадувањето. Денот се одбележува на 22 април секоја година и на целата планета се прослеавува со различни настани како конференции, надворешни активности и други проекти.

Одбележувањето на овој ден почна како обично движење кое набрзо доби поддршка за создавање на Агенцијата за заштита на средината (Environmental Protection Agency – EPA) и придонесе за донесување на Законот за чист воздух, на Законот за подобрување на квалитетот на водата, на Законот за загродени видови животни итн. Идејата за Денот на планетата Земја ја предложи сенаторот Гејлорд Нелсон од Висконсин, кој почина во 2005 година.

- Advertisement -

Првиот Ден на планетата Земја беше одржан во 1970 година по штетата која ја направи излевањето нафта во Санта Барбара, Калифорнија. Тој настан инспирирал организирање на национална едукација на јавноста за значењето на чистата животна средина.

Сенаторот Нелсон заедно со 85 други волонтери успеале да соберат уште 20 милиони други луѓе по улиците на САД на 20 април 1970 година. Универзитети одржувале протести, а луѓето се собирале на јавни површини за да разговараат за животната средиина и да најдат начини да ја спасат планетата.

- Advertisement -

Денот на планетата Земја продолжува да добива на значење секоја година. Во 1990 година движењето стана глобално и 200 милиони луѓе во 144 земји во светот учествваат во одбележувањето. Во 2000 година учестуваа 5.000 организации за заштита на средината од 184 земји. Во 2010 година, на 40-тото јубилејно одбележување на денот, беше лансирана кампања за засадување 1 милијарда дрвја, цел која беше достигната во 2012 година. Минатата година, пак, генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, побара од светските лидери да го потпишат Парискиот климатски договор и да се потрудат да го одржат глобалното затоплување на помалку од 2 степени Целзиусови. Денес повеќе од 1 милијарда луше во светот учествуваат во ова глобално движење.

Сподели!
- Advertisement -