Xiaomi го претстави смартфонот Mix 4 со камери под екранот

- Advertisement -

Компанијата Xiaomi го претстави својот нов смартфон – Mix 4. Ова е првиот смартфон од серијата Mi Mix, кој пристигна после речиси четири години. Мобилните телефони Mix се препознатливи по дизајнот и екранот без рабови, а Mix 4 ја продолжува традицијата на која Xiaomi работи долго време. Станува збор за селфи камера поставена директно под екранот.

Во Xiaomi ова го нарекуваат CUP (Camera Under Panel) технологија, а слична е на другите селфи камери под екранот кои ги видовме кај други компании. Како и кај уредите на компаниите Oppo и ZTE, Xiaomi Mix 4 има дел од екранот со густина на пиксели од 400ppi, кој овозможува да поминува доволно светлина до селфи камерата. Од Xiaomi тврдат дека и покрај тоа камерата е доволно невидлива. Станува збор за сензор од 20 MP, a Mi Mix 4 има и 6,67-инчен закривен ОЛЕД екран со резолуција од 1080p.

- Advertisement -

Mix 4 е првиот смартфон со новиот Qualcomm Snapdragon 888 Plus процесор. Зазад има Samsung HMX сензор од 108 MP, како и ултраширока камера од 13 и перископска телефото камера од 8 MP со 5x зумирање.

Засега Мi Mix 4 ќе се продава само во Кина. Преднарачките веќе се примаат, а продажбата почнува на 16 август.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -