Нафтениот гигант Саудиска Арабија ја изгради најголемата фарма на ветар на Средниот Исток

- Advertisement -

Првата фарма на ветар во Саудиска Арабија почна со работа и веќе произведува чиста енергија. Тоа е најголемата фарма на ветар на Средниот Исток. Фармата се вика Dumat al-Jandal, има 400 мегавати, а ја направи француската компанија за чиста енергија EDF Renewables во соработка со саудиската компанија Abu Dhabi Future Energy Company. 99-те турбини на ветар, колку што има фармата, ќе бидат доволни за напојување со енергија на околу 70.000 домаќинства.

Но, земјата која целосно зависи од нафтата со оваа фарма нема за цел да се насочи кон иднина со чиста енергија, туку сака да може да извезува повеќе нафта. Како што пишува Al Jazeera, фармата е дел од проектот Vision 2030, односно реформи кои имаатз а цел да ја намалат зависноста на Саудиска Арабија од нафтата.

- Advertisement -

Саудиска Арабија го ратификуваше Парискиот климатски договор, но работи главно на заловување на испуштениот јаглерод диоксид во атмосферата наместо на помала емисија и уште нема прикажано докази како ќе достигне 0% емисија на стакленички гасови до 2050 година.

(Elektrek)

- Advertisement -

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -