Францускиот град Монпелје воведува бесплатен јавен превоз

- Advertisement -

Монпелје, голем град на југот на Франција, во декември оваа година, послњ долги преговори со други француски градови како Денкерк, ќе воведе бесплатен јавен превоз. Причината која ја наведуваат за оваа мерка е еколошка и енергетска транзиција.

Градските власти на Монпелје соопштија дека од 21 декември јавниот превоз во градот ќе биде бесплатен. Властите уште во септември 2020 година овозможија бесплатни викенд билети, а во септември 2021 година воведоа бесплатен превоз за малолетници и лица постари од 65 години.

- Advertisement -

Луксембруг, пак, стана првата земја во светот која во 2020 година понуди бесплатен јавен превоз на целата своја територија.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -