Научници успеаја да создадат минијатурна, флексибилна преносна батерија која произведува енергија од човечката пот и која не содржи токсични хемикалии и тешки метали. Само 2 милилитри пот се доволни за батеријата која ја направи тим од научници од Универзитетот Нанјунг во Сингапур да произведе доволно електрична енергија за напојување на преносните електронски уреди.
Прототипот на батеријата има димензии 2х2 см и е дебела колку хартија, а се состои од печатени електроди во форма на сребрени лушпи, кои произведуваат електрицитет во контакт со потта. Батеријата е прицврстена на парче текстил кој добро впива пот и може да се растегнува и да се прицврстува на преносни електронски уреди како часовници или алки.
Научниците прво ја тестирале батеријата со користење вештачка човечка пот, а потоа волонтер ја носел батеријата на себе. Во текот ан тестирањето на волонтерот научниците откриле дека батеријата за 30 минути користење при возење статичен велосипед може да произведе 4,2 волти напон со снага од 3,9 миливати, што е доволно за напојување на комерцијалните сензори за мерење температура и постојано испраќање пораки на мобилен телефон преку Bluetooth.
Развојот на оваа батерија би помогнал за намалување на штетниот електронски отпад затоа што не користи токсични хемикалии и тешки метали, а научниците кои ја направија веруваат дека може да покренат иновации во рамките на индустријата за преносни уреди.
(ntu.edu.eg)
(фото: Pikist)