Samsung ја најaви новата генерација на Galaxy Fold

- Advertisement -

Како што наближува почетокот на настанот „Galaxy Unpacked 2020“, „Samsung Electronics“ на социјалните мрежи продолжува да открива што може да се очекува од новите производи. Најновиот „џокер“ се чини дека е за „Galaxy Fold 2“, пишува „Mashable“.

Во неделата компанијата твитна видео со кое потсетува на флексибилниот телефон, чија нова верзија може да биде откриена на настанот на 5 август.

- Advertisement -

Имаше некои шпекулации за тоа дали „Samsung“ ќе го вклучи новиот флексибилен телефон во својата веќе голема листа со новини за производи. Досега компанијата има најавено премиери на „Note 20 Ultra“, „Galaxy Tab S7 +“, слушалките „Galaxy Beans“ и „Galaxy Z Flip 5G“.

Твитот дојде само неколку дена откако Макс Вајнбах, кој редовно објавува протекувани информации од компанијата, твитна дека премиерата на „Fold 2“ веќе е закажана за октомври. Ова беше како одговор на неговиот претходен твит дека „Fold 2“ нема да биде откриен на „Unpacked 2020“.

- Advertisement -

Но, сигналите на „Samsung“ се доста различни. Втората генерација на флексибилниот телефон на компанијата ќе се појави за помалку од една година по премиерата на оригиналниот „Galaxy Fold“.

Се разбира, сè уште е рано да се зборува за спецификациите, но Рос Јанг, основач и извршен директор на „Display Supply Chain Consultants“, се чини дека уште од април има идеја за тоа што се очекува.

- Advertisement -

Откако корејските медиуми ги потврдија спецификациите на „Galaxy Fold 2“ во јуни, Јанг објави на „Твитер“ скриншот од наводната конфигурација.

Според овие информации, „Fold 2“ веројатно ќе има поголем внатрешен дисплеј – 7,5 инчи, во однос на 7,3 инчи во првиот модел. Предниот екран на „Fold 2“ исто така може да биде поголем – 6,23 инчи, додека оној на неговиот претходник е 4,3 инчи.

Судејќи според промотивното видео на „Samsung“, новиот смартфон ќе биде во бојата „Mystic Bronze“, која компанијата веќе ја користи како главна тема за својата хардверска линија.

Што се однесува до цената, „Fold 2“ може да биде поевтин од моделот од 2019 година, иако ќе има подобри спецификации.

Првата генерација од овој смартфон на преклопување се продава по цена од 1.980 долари, додека „Fold 2“ може да се понуди за 1.880 долари. Сумата секако останува висока, но веројатно малку пониската цена за оние кои сакаат да инвестираат во таков уред.

„Fold 2“ се чини дека нема пенкало. Иако твитот на Јанг посочи дека „Fold 2“ ќе го вклучи овој додаток, во јуни тој потврди дека „Samsung“ повеќе нема да го вклучува во овој модел.

(denar.mk)

(фото: Samsung)

Сподели!
- Advertisement -