Airbnb нуди бесплатно сместување за 20.000 бегалци од Авганистан

- Advertisement -

Онлајн-платформата за сместување Airbnb објави дека привремено бесплатно ќе смести 20.000 бегалци од Авганистан со цел да им помогне да си го најдат своето место во светот. Шефот на компанијата, Брајан Чески, истакна дека овој нивни потег е одговор на една од најголемите хуманитарни кризи на ова време, како и дека компанијата почувствувала потреба да преземе нешто.

Чески додаде дека се надева оти нивната постапка ќе ги инспирира бизнис лидерите да го направат истото затоа што нема време за трошење додека десетици илјадни Авганистанци се раселуваат низ целиот свет.

- Advertisement -

„Се надевам дека на тие 20.000 бегалци заедницата на Airbnb ќе им понуди не само безбедно место за живеење, туку и ќе бидат добредојдени“ вели Чески.

Од компанијата велат дека соработуваат со невладини организации за да помогнат со најитните потреби на бегалците. Не објавија колку точно планираат да потрошат на оваа иницијатива, ниту колку време ќе можат бегалците да живеат бесплатно во сместувањето што ќе им го обезбедат.

- Advertisement -

Airbnb ќе го финансира престојот на бегалците со донации преку Airbnb и лична донација на Чески, како и со донатори во фондот Airbnb Refugee Fund.

(BBC)

- Advertisement -

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -