Научници од Универзитетот Осака го произведоа првото 3Д печатено говедско месо во светот направено со клетки изолирани од јапонски говеда. Производот изгледа како вистинско парче месо со мускули, масно ткиво и крвни садови.
Поради таквиот мешовит состав, месото од јапонското говедо вагју изгледа како мермер и е едно од најбараните и најскапите меса во светот. Мермерниот изглед се должи на видливите делови интрамускулни масти и е она што на месото му дава богат вкус и посебна текстура.Освен тоа, досега 3Д печатеното месо главно наликуваше на мелено, па затоа 3Д печатеното вагју говедско месо е големо достигнување.
Тимот истражувачи успеале да го реплицира и посебниот квалитет на месото користејќи специјална техника, а нивните откритија ќе помогнат да стигнеме до поодржлива иднина каде што широко е достапно вештачки одгледано месо.
Истражувачите користеле два вида клетки – говедски сателити клетки и клетки од адипозно ткиво од вагју говеда. Потоа ги инкубирале и ги „убедиле“ клетките да генерираат индивидуални ткива на мускули, масти и крвни садови. Потоа истражувачите адаптирале техника која се користи за правење на јапонските слатки кинтаро и така успеале да ја имитираат текстурата на вагју.
Се проценува дека индустријата за вештачки одгледано месо ќе вреди 20 милиони долари до 2027 година.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)