Луѓето што ја примиле вакцината на кинескиот производител Sinopharm имаат најслаб имунитет, изјави заменик-директорот на Клиничкиот центар во Ниш, Радмило Јанковиќ.
Тој рече дека повеќето од населението во Србија е вакцинирано со вакцината на Sinopharm.
„Кога ги споредувате вакцините, гледате дека, сепак, најслаб имунитет имаат луѓето со оваа вакцина. За жал, неа ја примија многу стари луѓе и мислам дека тоа е многу тажен факт. Жален е затоа што мислам дека мораме да им дадеме можност да си го зајакнат имунитетот“, рече Јанковиќ.
Тој вели дека постарите луѓе што ја примале вакцината на Sinopharm на почетокот на имунизацијата во Србија итно треба повторно да се вакцинираат.
„Моја препорака е оние што ја примале оваа вакцина, особено постарите од 50 години, да ја сменат вакцината и да ја примаат на Pfizer“, советува Јанковиќ, пренесува „Нова.рс“.
(Denar.mk)
(фото: Pxhere)