Европа годинава го имаше најтоплото лето во историјата на мерењето, но незначително потопло од претходните рекорди за периодот од јуни до август, објавија денес научници од Европската унија.
Европската програма Kopernik за следење на климатските промени објави дека температурата од јуни до август годинава била за речиси 1 степен Целзиусов повисока во однос на истиот период од 1991 до 2020 година, што значи дека е најтопло лето досега. Претходните рекорди беа измерени во 2010 и 2018 година.
Топлото лето годинава е последен во низата настани предизвикани од климатските промени, кои, пак, се резултат на емисијата на стакленички гасови. Kopernik има записи за климата од 1950 година наваму, но користи други бази на податоци кои стигнуваат дури до средината на 19 век.
Во соопштението стои дека август годинава и истиот месец во 2017 година бил најтопол месец во историјата на мерењето и бил за 0,3% степени потопол од просекот од 1991 до 2020 година.
Во Европа август беше блиску до просекот од тој период, но не на целиот континент. Медитеранските земји имаа рекордно високи температури, истокот на континентот имаше натпросечно топло време, а северните предели имаа потпросечни температури.
Еколошките организации денес повикаа да се одложи климатската конференција COP26, која еднаш веќе беше одложена минатата година поради пандемијата, па беше презакажана за 31 октомври до 12 декември годинава во Глазгов.
На конференцијата вообичаено има учесници од 190 држави, но многу држави моментално се борат со нов бран на зараза и набавка на вакцини, па би требало да се откаже собирот, објави Мрежата за климатска акција (CAN).
(Zimo)
(фото: Flickr)