Amazon ќе им го плаќа целосното образование на сите 750.000 вработени во САД

- Advertisement -

Amazon денес објави дека ќе плаќа 100% од школарината за околу 750.000 вработени во САД. Компанијата проценува дека новата инвестиција заедно до другите обуки кои ги плаќа ќе изнесува околу 1,2 милијарди долари до 2025 година.

Најавата на Amazon следува откако други работодавци во САд како што се Target и Walmart направија слични понуди за своите вработени во САД како дел од напорите на националните компании да ги привлечат и да ги задржат вработените во текот на овој кризен период на пазарот на труд.

- Advertisement -

Amazon ќе почне да ја плаќа школарината од Јануари идната година и таа ќе важи за сите кои сакаат да завршат факултет. За да некој може да ја искористи таа понуда ќе мора да работи во Amazon најмалку 90 дена. Новата понуда се однесува и на трошоците за образование за средно образование и за добивање сертификати за англиски јазик како втор јазик. Amazon ќе додаде и три нови едукативни програми за на своите вработени да им овозможи да научат вештини за работа на одржување на дата центри и технологија.

Amazon уште нема објавено на кои универзитети ќе можат да учат вработените во рамките на новата мерка.

- Advertisement -

(Forbes)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -