Facebook создаде нова единица за време

- Advertisement -

Facebook неделава лансираше нов „производ“ – единица за време под називот флик (flick). Наводно, се работи за единица за време која е поголема од наносекунда и e дефинирана како 705.600.000 дел од секундата, пишува Klix.ba.

Колку за споредба, наносекундата е милијардити дел од секундата, што значи дека флик е долг 1,41723356 наносекунди. Веројатно се прашувате зошто оваа единица за време и што му недостасува на вообичаеното мерење на времето. Имено, флик е спој од зборови на англиски frame и tick што претставува број на рамки на слики во одреден момент.

- Advertisement -

Програмерите веќе ја користат оваа единица во креирањето на кодови во C++, а истата се покажува како доста корисна во креирањето на визуелни ефекти како CGI. Идејата за диференцирање на флик постои од 2017 година и беше предложена од девелоперот Кристовер Хорват.

Сподели!
- Advertisement -