Повикот за стипендии за есенската генерација за 2021/22 година за HR Академијата е отворен.
Доделуваме две целосни стипендии во вредност од 1720 евра, две половични во вредност од 860 евра и неколку делумни стипендии во вредност од 430 евра.
Стипендиите се однесуваат на предавањата, материјалите и менторирањето во временски период од 9 месеци, од октомври 2021 до јуни 2022 година.
Како да аплицирам?
Пополнете ја апликацијата за стипендија и ќе бидете контактирани за онлајн интервју. Kраен рок за апликација за стипендија е 16 септември. Побрзајте. Предност ќе имаат порано примените апликации. Детали за стипендиите и Академијата ќе најдете на официјалниот сајт.
HR Aкадемијата е подготвена од HR професионалци за следните генерации на HR лидери! Искористете ја оваа можност и станете дел од дванаесетата генерација. Тимот на предавачи е составен од експерти во различни области на HR. Тие се HR менаџери кои секојдневно се соочуваат со предизвиците кои ги носи оваа професија.