Истражувачи од Универзитетот Рајс создадоа флексибилни карбонски нановлакна кои се способни да собираат прецизни податоци за работата на срцето и ЕКГ кога ќе се вткаат во некој материјал. Новиот материјал сепак е мек како памук, но цврст како кевлар. Исто така е спроводлив како многу метали и може да донесе револуција во индустријата за преносни гаџети.
Исто така, материјалот може да се пере и да се носи како обична облека, а влакната од кои е исткаен нема да се оштетат кога се движите како што е случај со некои обични ткаенини.
Истражувачите велат дека новиот материјал е многу поефикасен во собирањето податоци отколку стандардните ЕКГ монитори и многу подобар од комерцијалните медицински електроди.
„Маицата направена од тој материјал мора да е потесна за градниот кош. Во идните студии ќе користиме погуста мрежа од нановлакна за да покрива поголема површина од кожата“ вели Лорен Тејлор, водечки автор на студијата и студент на Универзитетот.
Овир карбонски нановлакна прв пат биле развиени од страна на инженерот Матео Пасквали од Школата за инженеринг Џорџ Браун на Универзитетот Рајс. Неговата лабораторија истражувала повеќе примени на влакната – за поправка на оштетено ткиво на срце, како електричен интерфејс за мозокот, за кохлеарни импланти, како и за автомобилската и авиоиндустријата. Првично влакната биле премногу тенки за вткајување со материјал, па затоа искористиле машина за плетење јажиња за да направат подебели влакна.
Новата студија е објавена во списанието ACS Publications.
(Interesting Engineering)
(фото: )