Метрото во Москва е единственото во светот каде што билет може да се плати со лице

- Advertisement -

Москва стана првиот град во светот каде што наголемо бесконтактната услуга плаќање за возење „со лице“. На некои линии од московското метро возењето со подземната железница сега може да се плати со користење на технологијата на препознавање лице „face pay“.

Таквата можност е воведена на последните пет линии од московското метро. Во тек е финалната фаза од тестирањето на системот, после што иновативниот сервис ќе биде достапен за сите патници на метрото.

- Advertisement -

Се очекува дека сите делови од метрото на 15 октомври ќе се приклучат на системот „face pay“. Се испитуваат и можности за користење во надземно метро и во другиот копнен сообраќај.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Max Pixel)

Сподели!
- Advertisement -