950 нови милионери по растот на цената на лајткоинот

- Advertisement -

Криптовалутата лајткоин порасна за околу 25% за само еден ден во минатата недела, а тоа создаде 950 нови милионери.

Такви се податоците од агрегаторот „BitInfoCharts“, што укажува дека има толку многу адреси во светот што поседуваат лајткоин за најмалку 1 милион долари.

- Advertisement -

Од овие 950 сметки, вкупно 138 имаат ваков тип на криптовалути достапни за најмалку 10 милиони американски долари.

Од „BeCrypto“ проценуваат дека се потребни скоро 6.000 лајткоини за да можете да се наречете милионер или 6 милиони за да бидете милијардер.

- Advertisement -

Во моментов, адресата со најголемо поседување на криптовалутата лајткоин има 3,97 милиони единици, што значи дека располага со 664 милиони долари.

Овој корисник поседува 5,97% од сите лајткоини, додека трите најголеми адреси имаат 10 проценти од вкупниот износ во оптек.

- Advertisement -

За потсетување, минатата недела имаше лажна објава дека најголемиот светски малопродажен синџир „Walmart“ ќе започне да прифаќа лајткоини како средство за плаќање.

Ова ја зголеми криптовалутата на 220 од 167 долари во моментот. Падот најверојатно ги намали милионерите, но сè уште не се знае точно колку.

(Denar.mk)

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -