Давос 2018: Ќе се формира Глобален центар за сајбер безбедност

- Advertisement -
Сајбер безбедноста е една од главните теми на конференцијата на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија. Во рамките на јакнењето на интернационалната борба против сајбер криминалот во Давос беше најавено и формирање на нов Глобален центар за сајбер безбедност, кој би требало да помогне да се изгради побезбеден свет.
Како што истакнаа на прес конференција, без соодветна одбрана сајбер нападите можат да онеспособат цели стопанства, нации и делокупното богатство. Сајбер нападите врз компании изминатите години се дуплираа, што е податок кој ги загрижува експертите за безбедност, но и сотпанствениците и политичарите, пренесува Zimo.Сајбер криминалот не познава државни граници, па затоа е потребна соработка меѓу земјите од целиот свет која ќе овозможи поефикасна борба и посигурен простор за развој на нови технологии како вештачка интелигенција, роботи, дронови, автономни автомобили и IoT, порачаа од Давос.

Новиот центар ќе почне со работа во март под водство на Алоис Цвинги и во текот на работата ќе продолжи со иницијативите кои ги почна Светскиот економски форум како што се креирање рпозиториум за информации за сајбер безбедноста, кои ќе може да се споделуваат во јавните и приватните сектори.

Минатата година видовме дека познатиот ransomware WannaCry погоди десетици илјади компании во целиот свет. Секојдневно гледаме пропусти и протекување информации кои влијаат врз не милиони, туку милијарди корисници. Токму таквите напади овој центар навреме ќе ги идентификува и ќе помогне за спречување или барем брзо стопирање.

Сподели!
- Advertisement -