Во Велика Британија ќе се гради првиот поп ап аеродром за летачки коли во светот

- Advertisement -

Во Велика Британија ќе се гради првиот поп ап аеродром за летачки автомобили, вклучително и електрични летачки такси и дронови. Тоа е почеток на ерата на воздушен превоз со нула емисија на стакленички гасови.

Аеродромот ќе биде изграден во Ковентри, Велика Британија. Компанијата што ќе го гради планира да изгради уште 200 такви аеродроми во наредните 5 години. Аеродромот ќе нема апсолутно никаква емисија на отровни гасови, а ќе зафаќа околу 60% помалку простор од стандарден хелиодром, што значи дека ќе биде најмалиот аеродром во светот.

- Advertisement -

Поп ап аеродромот ќе може да се состави и да се расклопи за само неколку дена. Компанијата Hyundai е еден од партнерите на проектот како дел од нивната стратегија за комерцијализација на летачките такси возила до 2028 година.

Летачките возила во наредните неколку децении ќе се комерцијализираат на многу локации во светот, особено во развиените и пренаселени градови. Пазарот за урбан воздушен превоз ќе вреди милијарди долари само во САД. Истражувачите проценуваат дека до 2050 година превозот со летачки возила ќе изнесува околу 4% од сите летови во САД.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: World Economic Forum)

Сподели!
- Advertisement -