Умерената консумација на кафе го намалува ризикот од рак на црниот дроб

- Advertisement -

Умереното пиење кафе го намалува ризикот од појава на рак на црниот дроб, покажа британска студија. Научници од Универзитетот во Единбург и Универзитетот Саутемптон проучуваа медицински податоци за речиси половина милион здрави луѓе и заклучија дека пиењето кое било кафе го намалува ризикот од развој на хронични болести.

Оливер Кенеди, главен автор на студијата, чии резултати се објавени во списанието BioMedCentral, вели дека кафето може да биде потенцијално средство за превенција на хронични болести на црниот дроб. Кај луѓето кои умерено консумирале кафе е забележан 20% помал ризик од појава на рак на црниот дроб и 49% помал ризик од смрт од некои хронични болести на црниот дроб во споредба со луѓето кои не пиеле кафе.

- Advertisement -

Но, научниците потенцираат дека во овој случај битна е умереноста. Истражувањето на тимот на Кенеди покажува дека најголема корист за црниот дроб има пиењето 3-4 филџани кафе дневно.

До тој заклучок дошле проучувајќи медицински податоци за луѓето и нивните навики за консумација на кафе собирани со децении. Станува збор за податоци од британската Biobank, опсежна медицинска база на податоци и битен извор на здравствени податоци за 1,2 милион британски корисници.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -