Примамливи реклами кои ви овозможуваат конверзија на криптовалути и брза заработувачка, неверојатни попусти од познати брендови, патувања од соништа или дарежливи награди од кои ве дели само еден клик – се некои од честите понуди на социјалните мрежи со кои корисниците наидуваат денес.
Сепак, не треба да брзате да кликнете на понудата, која ќе ви го „промени животот“. Како што Facebook, Instagram, YouTube и други платформи, во последниве години, бележат постојан раст на корисници, така и бројот на потенцијални злоупотреби и измами е во пораст. Социјалните мрежи станаа наш примарен извор на забава и незаменлив дел од животот, но и сериозна закана и плодна почва за измамниците, кои исто така ги користат.
Според регионалното истражување „Избирам дигитално“, кое компанијата Visa го спроведе на почетокот на оваа година, 36 проценти од потрошувачите во Македонија користат мобилни плаќања, но третина од испитаниците сѐ уште не се запознаени со сите безбедносни механизми што го штитат овој тип трансакции.
Visa претставува некои од најчестите техники, кои што измамниците ширум светот ги користат на социјалните мрежи, како и неколку едноставни совети како да ги заштитите личните и финансиските податоци.
Кликање
Измамниците многу ќе размислуваат за создавање атрактивни кампањи со мамки на социјалните мрежи. Сочен наслов, неодоливо видео, актуелна статија за вести – сè што ќе ги натера поединците да кликнат и да пристапат до злонамерна врска. Еднаш кога поединецот ќе кликне на линкот, од жртвата се бара повторно да се логира, да прифати дозвола за апликација или преку лажен екран за најава да ја потврди автентичноста на своите податоци. Кога се регистрирате, измамниците ги добиваат вашите акредитиви, како и пристап до лозинки и информации за профилот.
Лажно претставување
Лажно претставување или таканаречен „fishing“ е една од честите техники со која се служат измамниците на социјалните мрежи. Измамниците ги контактираат своите жртви преку Facebook или Twitter или преку директна порака, нудејќи подарок или специјална понуда или проследувајќи линк што води до веб-страница која што бара податоци за вашата картичка или сметка. Друг случај е дека со кликнување на линкот, паметниот телефон го зема злонамерниот софтвер, кој потоа испраќа пораки од вашиот профил до целата листа со контакти. Бидејќи пораките што ги добиваат поединци доаѓаат од некој на кого му веруваат, корисниците паѓаат во стапицата и ненамерно го преземаат вирусот.
Скриени или скратени URL – адреси
Повеќето злонамерни кампањи се придружени со кратки URL-адреси. Иако услугите за скратување URL (како TinyURL) можат да бидат корисни, тие исто така лесно можат да се маскираат во злонамерни URL-адреси и да ги наведат корисниците да веруваат дека врската е валидна. Кратки URL-адреси ќе видите насекаде на социјалните медиуми, но никогаш нема да знаете каде ве упатуваат затоа што „скратувачите“ на URL-от ја кријат целата адреса на веб-страницата. Така, кога користите социјални мрежи за купување, лесно можете да паднете во стапицата и да завршите на лажни веб-сајтови и страници.
Квизови и други апликации
На Facebook или Twitter, ќе видите квизови како: „На која славна личност најмногу личите?“, „Кој ѕвезден знак сте вие?“ или „Кликнете овде за да ја предвидите својата иднина.“ По завршувањето на квизот, честопати од вас се бара да се претплатите на одредена услуга и да споделите информации за картичката и сметката, кои потоа се злоупотребуваат.
Како да се заштитите?
Иако зачестеноста на измами на социјалните мрежи се зголемува во последниве години, сепак постојат неколку едноставни совети што можете да ги следите и да спречите потенцијална злоупотреба на вашите лични и финансиски податоци.
Користете проверени сајтови
Секогаш користете проверени сајтови, избегнувајте сомнителни линкови и пазарете исклучиво преку официјални сајтови на продавници. Сепак, постојат страници што се безбедни за купување и поддржани од страна на водечки технолошки компании. Така, присуството на брендот Visa е знак за доверливост и сигурност. Имено, Visa ја имплементираше етикетата Visa Secure на стотици илјади веб – сајтови за трговци, со цел да ги направи онлајн трансакциите посигурни, а на сите страници каде што го гледате логото на Visa – можете да пазарувате без грижи.
Направете двојна верификација
Бидејќи сѐ повеќе потрошувачи користат паметен телефон за пазарење преку социјалните мрежи, важно е да знаете како во овие случаи да ги заштитите чувствителните податоци зачувани на вашите паметни уреди. Денес, повеќето водечки платформи за социјални медиуми нудат двојна верификација. Ова обично вклучува поврзување на вашата сметка со мобилен телефон за верификација или да дадете код испратен преку текст. Ова е наједноставниот начин да спречите хакерите да ја хакираат вашата сметка.
За трансакциите на социјалните мрежи да бидат сигурни, Visa разви технологија Verified by Visa, базирана на безбедносниот стандард 3D Secure кој е усвоен од платежната индустрија. Благодарение на оваа технологија, при онлајн плаќање, на сопственикот на картичката му се испраќа SMS-порака со еднократна лозинка, без која е невозможно да се заврши трансакцијата. Ова значи дека сопственикот на картичката веднаш се известува за сите активности на неговата картичка, вклучувајќи ги и сомнителните, а за тоа може да ја извести својата банка за тоа.
Покрај тоа, Visa користи токенизација – технологија која во секоја трансакција овозможува замена на доверливите податоци за плаќање со уникатен дигитален идентификатор – токен, без ризик да биде загрозен. Личните податоци, како и податоците за трансакцијата, не се пренесуваат на други лица, дури и телекомуникацискиот провајдер не ги знае податоците за вашата картичка. Ако некој го пресретне токенот, тој не може да се користи на друго место, услуга или уред, бидејќи претставува единствена серија цифри што се креираат при секоја трансакција.
Обезбедете само основни информации
Најдобар начин да ги заштитите чувствителните информации е воопшто да не ги давате. Повеќето од податоците што ги бараат социјалните платформи не се задолжителни. Не давајте повеќе информации за себе, вашето семејство, локација, интереси, освен ако тоа не е задолжително. Кога купувате на Instagram или Facebook, не го споделувајте PIN кодот, не испраќајте фотокопија од картичката или друг документ во инбокс на страници на социјалните мрежи.
Измамниците стануваат сè покреативни во пронаоѓањето нови видови измами. Затоа, едуцирајте се и информирајте се на темата безбедност и користете ги социјалните мрежи мудро, со мала доза скептицизам.