Италијанско село продава куќи по цена од 1 евро

- Advertisement -

Во последно време слушавме и пишувавме за места во Италија кои за смболична сума ги продаваат домовите за да привлечат нови жители, а селото Пратола Пелиња се приклучи на тој тренд.

Имено, во селото властите продаваат околу 250 домови по цена од само 1 евро со цел да привлечат нови жители кои ќе ги реновират домовите и ќе живеат во нив. Селото се наоѓа во регионот Абруцо во близина на Апенините, што знали дека е многу блиску до познатите италијански ски-центри.

- Advertisement -

Работиме на овој проект веќе неколку години, бираме погодни домови кои не биле дел од рекострукцијата после земјотресот. Нашата цел е тие домови повторно за заблескаат и да ја вратиме убавината на стариот центар“, велат локалните жители.

Сите што ќе се одлучат да земат куќа во селото за само 1 евро треба да знаат дека ќе имаат полни раце работа затоа што домовите се во прилично лоша состојба, но се пространи и имаат покровје, тераси и балкони, така што имаат голем потенцијал.

- Advertisement -

Сепак, се не е толку едноставно. Ако плановите за реновирање на домовите не се пријават за 6 месеци, следува казна од 10.000 евра.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -