Србија меѓу шест земји во кои Facebook тестира нова опција

- Advertisement -

Повеќемина во Србија почувствуваа драстична промена во изгледот на својот Facebook односно воведување на нов Explore Feed за прикажување на објавата на страници на кои притиснале дека им се допаѓаат. Тоа е така затоа што Србија е една од 6 земји во светот каде што Facebook тестира радикално поинаков изглед од досегашниот? Покрај Србија, во Словачка, Боливија, Гватемала, Камбоџа и во Шри Ланка сите постови на страниците се отстранети од News Feed на Explore Feed, така што во главниот feed има само постови од пријатели.

Само во првите неколку дена од тестирањето на опцијата пристапот до страницата се намали за две третини. Истражувањето спроведено во Словачка покажува дека 60 најголеми страници на словачки медиуми забележале четири пати помала интеракција од почетокот на тестирањето. Портпаролот на Facebook потврди дека ова е регионален тест, но не откри детали до кога ќе трае тестирањето.

- Advertisement -

Воведувањето на промената не помина лесно затоа што многумина забележаа доста проблеми. На пример, повеќето корисници не ги гледаат постовите на луѓето кои ги следат на Facebook, а не им се пријатели. За сопствениците на страници решението е инцвестирање повеќе пари за промоција, но ни тогаш нема да имаат толкав досега како пред промената. Останува да се види дали оваа промена ќе биде трајна и како ќе биде прифатена во повеќето земји.

(N1 info)

Сподели!
- Advertisement -