Од 23 октомври, картичките за увид во угостителските објекти ќе важат секој ден од 22 часот до крајот на работното време.
Кризниот штаб денеска воведе пропусници. Ако сте ја примиле втората доза, а по 7 месеци не сте примиле трета – вашиот сертификат не е валиден; негативен PCR тест, не постар од 72 часа; По 72 часа – мора повторно; Негативен тест за антиген – валиден само 48 часа; Ако сте лежеле, во претходните 7 месеци, 210 дена – после тоа мислиме дека не е безбедно; За странци – валиденЕУ сертификат за ковид или други земји со кои Србија има договор за признавање.
Србија дневно има и по 8.000 заразени со коронавирусот.
Иако имаме над 50 починати дневно, и многу заразени, никој не мисли дека е потребно да ги почитува мерките. Поради тоа почнуваме со заострување на мерките, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ.
Таа додаде дека вакцинацијата во Србија е и понатаму лоша.
Фото – Flickr