Паметен град базиран на блокчеин технологија никнува во американската пустина

- Advertisement -

Иако лудилото по криптовалутите не е повеќе во подем, оние кои во тоа лудило заработија милиони или милијарди долари сега размислуваат што ќе прават со парите. Еден таков милионер дојде на идеја да создаде паметен град базиран на блокчеин технологијата насреде американската пустина.

Џефри Барнс планира да претвори 27.000 хектари на северот од Невада во град на иднината. Наводно, само за земјиштето платил 170 милиони долари, а не е познато колку ќе инвестира во градот. Зсега тој дел се нарекува Innovation Park, а Барнс таму го смести седиштето на својата компанија Blockchains, која се занимава со инвестирање во блокчеин технологии. Барнс го избрал тој регион затоа што во близина се некои од големите гиганти како Apple, Google и Teslа.

- Advertisement -

Барнс вели дека градот ќе биде нов облик на бизнис и станбена заедница и наводно, треба да биде тест полигон за развој на блокчеин технологија за користењње во блиската околина. Innovation Park ќе биде паметен град со децентрализирана блокчеин инфраструктура, која ќе биде во позадина на сите интеракции. Главната предност на ваквиот град ќе биде големата контрола над личните податоци. На пример, жителите ќе можат да работат, да гласаат и да складираат податоци во блокчеин, без вклучување на посреднички компании или владата.

Блокчеин технолгијата нема да биде единствената напредна технологија во овој град од иднината. Во план е интегрирање на вешптачка интелигенција, 3Д печатење и нанотехнологија, а во градот ќе се движат електрични возила. Сите ќе користат електрична енергија, која ќе се произведува од обновливи извори како Сонцето и ветрот, а би се рециклирала и водата.

Сподели!
- Advertisement -