Конференција „Дигитализација и трансфер на технологии за намалување на јаглеродните емисии“

- Advertisement -

Од 2-ри до 3-ти ноември, во хотел Хилтон во Скопје, ќе се организира хибридната конференција „Дигитализација и трансфер на технологии за намалување на јаглеродните емисии“.

Дигиталната конференција има за цел да го препознае ИКТ секторот како клучен играч во борбата против климатските промени, да ги инспирира компаниите да инвестираат во развојот и распоредувањето на позелени дигитални технологии и услуги со цел зелена дигитална трансформација од корист на животната средина, општеството и економијата.

- Advertisement -

Евидентна е потребата да се промовираат научни методи за да се процени намалувањето и избегнувањето на емисиите на стакленички гасови со специфични ИКТ решенија во различни сектори и да се поддржи зелена дигитална трансформација на сектори како што се енергијата, транспортот, земјоделството и градежништво. На овој начин имаме за цел да ја забрзаме нивната одржливост и циркуларни транзиции, истовремено придонесувајќи за иновативно, инклузивно и издржливо општество.

Конференцијата се фокусира на приватни компании, јавни власти, општини, универзитетски и истражувачки центри, индустрија и здруженија кои се подготвени да развијат иновативни, одржливи и паметни технологии и истражувачки проекти кои помагаат да се подобри квалитетот на урбаните екосистеми.

- Advertisement -

Регистрација на следниот линк: https://powergreen.b2match.io/

Учеството на настанот не се наплаќа.

- Advertisement -

Настанот го организираат Фондација за Претприемачки сервис за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, во состав на Европската мрежа на бизнис можности (Enterprise Europe Network), поддржано од Централна Европска иницијатива.

Сподели!
- Advertisement -