Instagram се обидува да му ги преземе корисниците на TikTok, па прво воведе видео формат Reels, а сега стигнаа и други опции кои веќе се популарни кај конкурентната апликација. Една од новите опции на Instagram е претворање на текстот во автоматски генериран глас, односно можност за роботско читање на напишаниот текст на клиповите.
Кога корисникот ќе пише текст за видео, ќе има можност да избира автоматски генерирана гласовна интерпретација. Таа опција се наоѓа во левиот долен дел од екранот. Може да се избира од две гласовни опции. Со ова Reels ќе станат попристапни, а опцијата е популарна и на TikTok затоа што некои креатори на содржини сметаат дека на тој начин нивните видеа се позабавни.
Instagram воведе и Voice Effects за Reels, кои на креаторите им овозможуваат да го менуваат својот глас на неколку начини, меѓу кои и глас кој се добива кога се вдишува хелиум, глас на презентер, на робот и други. Опциите веќе се достапни за сите корисници.
(Klix.ba)
(фото: Flickr)