Цените на гасот во Европа скокнаа за 11 отсто

- Advertisement -

Откако германскиот регулатор „Bundesnazegentur“ ја суспендираше сертификацијата на Северен тек-2, цените на гасот во Европа пораснаа за 11 проценти, објави „Reuters“.

„Bundesnazegentur“ ја запре постапката за сертификација на „Nord Stream 2 AG“ како независен оператор за пренос. По темелно испитување на документацијата, „Bundesnazegentur“ дојде до заклучок дека сертификацијата на операторот на гасоводот „Nord Stream 2 AG“ ќе биде возможна само доколку овој оператор е организиран во правна форма според германските закони“, соопшти регулаторот.

- Advertisement -

Регулаторот додаде дека процесот на сертификација ќе продолжи кога матичната компанија ќе го префрли својот капитал и персонал на германска подружница.

„Постапката за сертификација ќе остане суспендирана додека главните средства и човечките ресурси не бидат префрлени на подружницата и „Bundesnezagentur“ не може да потврди дали документацијата повторно поднесена од подружницата како нов апликант е комплетна“, се вели во соопштението од германскиот регулатор.

- Advertisement -

„Кога ќе се исполнат овие барања, „Bundesnezagentur“ ќе може да ја продолжи својата инспекција во преостанатите четири месеци предвидени со закон, да подготви нацрт-одлука и да ја достави до Европската комисија за мислење, како што е предвидено во законодавството на ЕУ за внатрешниот пазар“, додаваат од регулаторот.

Оттаму исто така соопштуваат дека германското Министерство за енергетика и Европската комисија „однапред биле информирани“ за суспензијата. Веднаш потоа, цените на фјучерсите на гасот во Европа пораснаа за 11%.

- Advertisement -

Тргувањето во декемвриските фјучерси за гас на холандскиот индекс TTF, клучен европски центар за тргување со енергија, достигна 1.042,6 долари за 1.000 кубни метри гас.

(Denar.mk)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -