ВИДЕО: Qatar Airways ја има првата виртуелна стјуардеса со вештачка интелигенција

- Advertisement -

Qatar Airways воведува виртуелен член на кабинскиот екипаж, кој ќе им асистира на патниците во авионот и на аеродромот кои. Тој член на прв поглед не се разликува од другите стјуардеси.

Дигиталната стјуардеса наречена Сама, што значи небо на арапски јазик, може да одговара на прашања во реално време, да има интеракција со патниците, и тоа со помош на вештачка интелигенција.

- Advertisement -

Сама моментално говори само на англиски јазик, но се планира до крајот на годинава течно да може да зборува и на други јазици, меѓу кои и арапски јазик.

Ова е монументална точка во воведувањето успешна синергија меѓу технологијата и луѓето, велат од компанијата. Овој женски дигитален член на екипажот беше претставен на големиот саем ITB Berlin. Моменталноп стјуардесата е бринета, со коса врзана во пунџа, со препознатливата црвена униорма на Qatar Airways.

- Advertisement -

Од авиокомпанијата велат дека виртуелниот член на екипажот е достапен преку метаверзумот на компанијата наречен Qverse и Qatar app, а е прв ваков помошник со AI.

Сама е комбинација од технологија со емпатија и персонализација и нуди интересна реакција која го одразува човечкиот разговор. Дизајнирана е за да учи од однесувањето на патниците преку визуелан интеракција.

- Advertisement -

Патниците можат максикално да ја користат Сама и таа да ги води низ 3Д мапирани прикази на аеродроми, ВИП простории за одмор и да им одоговара на прашања за патувањето, багажот, чекирањето итн.

(021)

(фото: Qatar Airways)

Сподели!
- Advertisement -