Студија откри дека човечкиот мозок се намалува

- Advertisement -

Просечниот мозок на една возрасна личност тежи од 1.300 до 1.400 грама и е долг околу 15 см. Но, не било секогаш така. Студија објавена во списанието Brain, Behavior and Evolution истакнува дека во последните 50.000 години се намалила големината на човечкиот мозок. И тоа значително се намалил.

Како што истакнува во студијата научникот Стибел од Природонаучниот музеј во Лос анџелес, големината на човечкиот мозок се намалила за повеќе од 5% кај модерните луше во споредба со нашите предци.

- Advertisement -

Промените во големината на телото се чини дека ги објаснуваат последните промени во големината на мозокот. Со исклучок на модерните примероци, енцефализациските нивоа на останатите се прилично стабилни во последните години.

Иако модерниот примерок на мозокот покажал релативно ниска енцефализација, изгледа дека зголемениот индекс на телесна маса BMI (body mass index, op. a.) е одговорен за промената во величината, објаснува Стибел и додада дека резултатите од неговите истражувања сугерираат дека релативно неодамнешното намалување на мозокот е одговор на промената во физиологијата, особено во однос на масата на телото и големината на главата.

- Advertisement -

Но, додава дека постојат докази за врската меѓу големината на мозокот и когнитивните функции кај човекот. Недостигот на структурни промени кои мозокот го направиле поефикаен и значителното намалување на неговата големина може да доведат до намалување на когнитивните функции, предупредува авторот.

Стибел посочува и дека проблемот е во тоа што податоците од други студии покажуваат дека покрај еволутивното намалување на големината на мозокот, се намалувале и когнитивните способности. Имено, бројни студии покажале дека во текот на 20. век во индустриски развиените земји се зголемил просечниот коефициент на интелигенција на населението. Тоа се објаснувало со подобрите услови за живот и животната среидна, но податоците од последните 30 години не се охрабрувачки. Имено, воп најразвиените земји во светот се бележи пад на коефициентот ја интелигенија, за што научниците не можат целосно објаснение.

- Advertisement -

(Krager)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -