Истражување покажа дека вакцинираните може да го пренесуваат вирусот после 12 недели од втората доза

- Advertisement -


Со новиот бран на корона вирусот во многу земји повторно се засилуваат мерките, а една од мерките се и КОВИД потврдите за вакцинирање. Она што е проблематично со тие потврди, а тоа го покажаа многу истражувања и искуството, и луѓето кои се вакцинирани исто така може да се заразат и да го шират вирусот.

Неодамна спроведено истражување на Катедрата за медицина при Универзитетот Оксфорд покажа слабеење на дејството на вакцините, па така, 12 недели после втората доза луѓето вакцинирани со вакцината на Astra Zeneca исто можеле да го пренесуваат вирусот исто како луѓето што не се вакцинрани. Се нагласува и намалена заштита од пренос на вирусот кај луѓето вакцинирани со Pfizer/BioNTech.

- Advertisement -

Слични резултати покажа и претходно истражување чии резултати беа објавени во весникот Lancetе, a според кое дејството на вакцините врз ширењето на делта варијантата на корона вирусот е минимално.

Ако го имаме на ум тоа, се доведува во прашање корисноста на КОВИД потврдите затоа што тие не можат да ја исполнат својата цел – да го намалат ширењето на вирусот меѓу популацијата.

- Advertisement -

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -