Велат дека првите 3 години се вистински предизвик за било која компанија. Третиот роденден на Едуфронт е круна на сета макотрпна работа, успеси, предизвици, решенија и повторни успеси. Доколку се водиме од тоа непишано правило, несомнено е дека за центарот за онлајн компјутерско образование Едуфронт допрва следува голем успех.
Едуфронт, како центар за компјутерско образование за деца, со тим од само двајца ја започна својата приказна уште во 2019 та. Како и секоја друга приказна, и таа на Едуфронт беше исполнета со безброј предизвици. Континуитетот, мотивацијата, напорната работа, креативноста и следењето на новите едукациски трендови од светскиот пазар беа клучни Едуфронт од центар со обуки во училница да еволуира во онлајн едукациски центар. Следењето на едукативните програми на Харвард ги донесоа до тоа да изградат основа и стабилен тим од професионално обучени едукатори спремни да го споделат своето знаење.
Едуфронт онлајн обука за Scratch за деца од 8 до 12 год.
“Во моментов портфолиото на Едуфронт брои над стотици задоволни слушатели на обуките, повеќе од педесетина реализирани и креирани интерни проекти од деца кои се за голема пофалба. Сето ова благодарение на тимот од професионални едукатори, посветени и желни да го споделат своето знаење.” – сподели Гордана Мишевска, сопственик и генерален менаџер на Едуфронт
Од обуки за Scratch со физичко присуство до целосна дигитализација и онлајн обуки според програмата од Харвард па сѐ до нови дигитални патеки за програмирање, веб дизајн и дизајн работата на Едуфронт не престанува.
Едуфронт започна со две програми за креативно компјутерско образование за деца, ПрограмИграм, коишто успешно ги разви и пилотира преку спроведување на проектот „Компјутерско образование за деца базирано на иновативната наставна програма на Харвард“ со поддршка за стартапи од Фондот за иновации и технолошки развој.
Втората учебна година донесе проширување на понудата со две нови онлајн обуки за програмирање за деца „ПрограмИграм во Python“ и „ПрограмИграм во HTML/CSS/JS“.
Желбата за постојан развој и овозможување на континуирано учење и навлегување во повеќе дигитални вештини и технологии доведе до идејата за креирање на програмите DIGIPATH – Дигитални патеки за учење за деца. Со овие програми се надополнуваат постоечките обуки со нови обуки за да се создадат различни дигитални патеки за учење за деца: Дигитална патека за програмирање, Дигитална патека за веб дизајн и Дигитална патека за дизајн. Преку Инструментот за забрзан економски раст на Фондот за иновации и технолошки развој овој проект доби финансиска поддршка за негова реализација.
Едуфронт од самиот почеток ја следи својата социјална димензија и постојано придонесува во заедницата. Донација од ранчиња и училишен прибор за деца од ранлива категорија низ цела Македонија и поддршка на иницијативата „Донирај компјутер“ се дел од директните акции. Во последната година голем број настани и часови на Едуфронт беа отворени и достапни за сите, како за наставниците за Scratch, така и за голем број на деца заинтересирани да започнат со дигитално учење на дизајн, веб дизајн и програмирање. Исто така кратки бесплатни видео лекции за Scratch и Python се достапни на нашиот YouTube канал.
Фотографиите се само дел од напорната работа и трудот во изминатите 3 години.
Со цел да се овозможи пристап на сите оние со желба за изучување се креираше и ден на предизвици каде сите учесници имаа можност да добијат и стипендии за посетување на дигиталните програми на Едуфронт.
Дополнително, со цел да се означат овие 3 години Едуфронт организира голем giveaway на своите профили на социјалните мрежи со којшто следбениците имаат можност да добијат ваучер и пакет брендирани подароци од Едуфронт.