Научници развија материјал за 3Д печатење градежни структури од живи клетки. Технологијата на 3Д печатење е еден од трендовите кои се шират во сите сфери од животот, науката и инженерингот, па досега имавме прилика да видиме проекти за 3Д печатење на вселенски летала, човечки органи и станбени објекти на Месечината и на Марс.
Научници од Харвард и нивните колеги од уште неколку американски факултети одлучија да го спојат градежништвото со генетски модифицирани живи клетки, па така развија „жива“ 3Д боја, која може да се користи за правење 3Д живи материјали за изградба на 3Д структури.Научниците генетски модифицирале клетки на ешерихија коли и на други микроби за да создадат живи нановлакна, кои ги споиле и им додале други материјали за производство на боја која може да се користи и во стандарден 3Д печатач.
Научниците веруваат дека се на пат да развија „жива “ боја боја освен во медицински и еколошки цели, ќе може да се користи за правење „живи“ згради, кои во комбинација со локалниот реголит ќе ја олесни изградбата на структури на Марс. Тоа значи дека бојата направена од живи клетки може да се размножува и да се врзува со локални материјали под влијание на енергијата и напредната биохемиска технологија. Со оваа боја во иднина ќе може да се создаваат ѕидови од кои ќе се изградуваат цели населби, а воедно има и својство на самоисцедување доколку се оштетат под влијание на временските прилики и при удар со микрометеор.
Студијата е објавена во списанието Nature Communications.
(Vidi.hr)