Откриена причината за згрутчувањето на крвта кое може да го предизвика вакцината на AstraZeneca

- Advertisement -

Тим од бртиански и американски научници веруваат дека ја пронашле причината за екстремно ретките нуспојави на згрутчување на крвта од вакцината на AstraZeneca. Тие покажаа многу детално како клучната компонента на вакцината привлекува еден протеин во крвта.

Сметаат дека токму тоа предизвикува верижна реакција, вклучувајќи го и имунитетот, која може да кулиминира со опасни крвни грутки. Се верува дека вакцината на AstraZenecа досега спасила околу 1 милион животи, но загриженоста за ретката појава на крвтни грутки го намали користењето на вакцината ширум светот.

- Advertisement -

Портпаролот на компанијата истакна дека грутките во крвта веројатно се јавуваат од самата болест КОВИД-19, а не од самата вакцина и дека уште не е утврдено целосно објаснување за оваа појава.

Вакцината се состои од генетски материјал од вирусот САРС-КоВ-2 комбиниран со послаба верзија на вирусот на настинка. Инјекцијата се дозриа така што вакцината се става во мускул, но понекогаш може да се рашири во крвотокот, каде што може да го привлече протеинот во крвта наречен плателет фактор 4. Во ретки случаеви имунитетот погрешно го идентификува протеинот како вирус и испушта антитела кои го напаѓаат. Антителата се судираат со тој протеин, а тоа предизвикува формирање на крвни грутки, објаснуваат научниците.

- Advertisement -

 

Наведената студија е објавена во списанието Science Advances.

- Advertisement -

(BBC)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -