Овој мал електричен автомобил се „растегнува“ за да собере повеќе патници

- Advertisement -

Веќе сме виделе електрични автомобили за само еден патник. Димензите на таквите автомобили се совршени за маневрирање низ урбаните средини. Сепак, што се случува кога ќе сакате да земете со себе уште некој патник? Во случајот со iEV X, автомобилот само се „растегнува“.

Засега само како прототип, германскиот iEV (Intelligent Electric Vehicle) X е широк само 78 см, а долг 160 см кога во него седи еден патник. Кога корисниците сакаат да земат некого со себе, автомобилот може да се продолжи за 30 см на 190 см. Така се овозможува да се додаде второ седиште веднаш зад возачкото. Доколку, пак, сакаат да земат и трет патник, може да се продолжи на дури 220 см.

- Advertisement -

Не е познато дали страничните делови од автомобилот остануваат отворени кога се растегнува. Моментално е во тек кампања на Kickstarter за iEV X . Според плановите, овој автомобил тежок само 115 кг ќе се напојува со литиум-јонска батерија од 48 волти. Тоа би требало да биде доволно да се поминат 60 км. На покривот има соларен панел од 40 вати кој ја полни батеријата додека е паркиран автомобилот, а максималната бзина е 45 км/ч.

Ќе има уште еден модел тежок 145 кг, кој ќе има батерија од 72 волти, и досег од 120 км со едно полнење. Се планира и опционален роботски систем за полнење, како и систем од педали за поголем досег. Доколку ја достигнат зацртаната цел со кампањата, основниот модел ќе може да се добие со донација од 2.144 долари, додека поголемиот ќе биде 9.098 долари.

Сподели!
- Advertisement -