Австрија сака да воведе казни за невакцинираните

- Advertisement -

Властите во Австрија донесоа нацрт-закон со кој се предвидува луѓето кои не сакаат да се вакцинираат да мора да плаќаат парични казни. Доколку не примат вакцина, Австријците од 15 маерт натаму ќе мора да платат казна која може да се повторува на секои три месеци.

Казните треба да се применуваат за сите кои живеат во Австрија од 1 февруари 2022 година, а како што пишува во нацрт-законот, задолжителнат вакцинација ќе се врши од 14 години нагоре.

- Advertisement -

Во нацртот станува збор за првата вакцинација, втората вакцинација најарано 14, а најдоцна 42 дена после првата вакцина, како и за третата вакцинација, која мора да се направи најрано 120, а најдоцна 270 дена после втората вакцина.

Признати производители на вакцини во Австрија се BioNtech/Pfizer, Moderna, AstraZeneca и Johnson & Johnson.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -