YouTube ќе соработува со доктори за да објавува само прецизни информации за корона вирусот

- Advertisement -

YouTube откри ново партнерство со со цел да ги задоволи потребите на консументите и да продолжи да ги поврзе луѓето со доверливи информации за здравјето. Како дел од својата посветеност на точни информации за здравјето компанијата ќе соработува со повеќе организации: Американската асоцијација за јавно здравје, Клиниката Кливленд, Школата за јавно здравје на Харвард, Клиниката Мајо, Osmosis, Psych Hub и Националната академија за медицина.

Проектот го предводи д-р Гарт Греам.

- Advertisement -

„Како доктори ние постојано бараме начини да направиме напредок во грижата за пациентите и да останеме во тек со светот околу нас кој се менува. Свесни сме дека луѓето не гледаат ток шоу програми и не читаат весници како порано. Тие користат се повеќе мобилни уреди, користат онлајн содржини и информациите за сопственото здравје ги добиваат на Интернет, односно на YouTube. Мисијата на мојот тим е да ги оспособиме луѓето да водат најздрав живот преку знаење, поддршка и инспирација. Најбитно од се, сакаме да им обезбедиме пристап до точни информации базирани на докази од доверливи извори. Затоа работиме на обезбедување информации од медицината од најценетите организации и клиники. Тие ќе создаваат висококвалитетни содржини за здравјето на гледачите од целиот свет. Заедно ќе работиме на едуцирање и оружување на нови публики со информации од медицината на YouTube” вели д-р Греам.

(YouTube blog)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -