Израелски научници вчера објавија дрка тројната вакцина на Pfizer/BioNTech против корона вирусот дава голема заштита од новата варијанта омикрон.
Заклучоците се слични на тие што ги објавија BioNTech и Pfizer минатата недела, а кои беа прв знак дека дополнителните дози од нивната вакцина може да бидат клучни за заштита од инфицирање со новоидентификуваната варијанта на корона вирусот.
Студијата, која ја направија Медицинскиот центар Шиба и Централната виролоша лабораторија при Министерството за здравје, ја споредувала крвта на 20 луѓе кои примиле две дози од вакцината пред 5-6 месеци со бројот на луѓе кои примиле трета доза пред еден месец.
Луѓето кои примиле втора доза пред 5-6 месеци немаат никаква способност за неутрализација на омикрон. Добрата вест е дека со третата доза таквата способност за неутрализација се зголемува стотина пати.
Израелскиот тим изјави дека работеле со жив вирус, додека фармацевтските компании користеле она што е познато како псеудовирус, кој им карактеристични мутации омикрон.
(Zimo)
(фото: ccnull.de)