Наместо времето во пензија да го искористат за опуштање, многу Јапонци сакаат да ги користат своите вештини и знаењето на најдобар начин за општеството и да се вратат на работа .Велат дека работата ги одржува и психички и физички.
Силната и енергична 68-годишна Ацуко Каса вели дека нема намера да забави. Таа планира да продолжи да работи во центарот Silver Jinzai во близина на својот дом во градот Јокохама што е можно подолго.
Каса, која некогаш работела во сметководството на една козметичка компанија, е една од многу постари граѓани на Јапонија кои одлучија да се одречат од хобијата во пензија како градинарството и дружењето со пријателите или чувањето внуци за да се вратат на работа.
За некои дополнителните приходи се мотивација, а за други не се. Многумина велат дека сакаат да се вратат во општеството и да бидат корисни.
Каса моментално работи во група за поддршка на луѓе со инвалидитет. Таа помага во приготвувањето на оброците во кафулето на таа установа. Вели дека сака да се соочи со предизвиците на работниот свет кои никогаш претходно не ги искусила.
Постојат многу причини зошто луѓето пред пензија сакаат да продолжат да работат. За некои причините се финансиски, но многумина едноставно сакаат да го чуваат своето здравје, да придонесат во општеството или максимално да го искористат своето искуство и вештините.
Многумина го користат своето знаење во дизајнот и работат на тоа поле, додека некои помагаат при собирањето на отпадот од градските улици. Лушето кои познаваат странски јазици посебно се барани.
Покрај дополнителните приходи за постарите луѓе, можноста за продолжат да работат исто така придонесува за надоместување на недостигот на работници во Јапонија.
Владата воведе мерки да го сменат тој тренд, особено со подигнувањето на старосната граница за задолжително одење во пензија од 65 на 70 години во април годинава, но аналитичарите сугерираат дека Јапонија до 2030 година ќе се соочи со недостиг од околу 6 милиони работници.
(Bizlife)
(фото: Flickr)