Во Европа почнува вакцинацијата на децата против корона вирус. Европските земји нјавуваат различни стратегии и нивната успешност ќе биде показател колку родителите се спремни да ги вакцинираат своите деца.
Еден италијански регион во клиниките испраќа кловнови и жонглери, Франција и Германија сакаат да ги вакцинираат најосетливите деца, додека во Данска се вакцинираат децата дури и пред да стигнат специјализираните шприцови и шишиња.
Вакцинирањето на децата мора да се претстави како игра, како радосен момент во кој децата мора да се чувствуваат опуштено, велат италијански експерти. Европската агенција за лекови минатиот месец го одобри користењето на послаби дози на вакцината на Pfizer за децата од 5 до 11 години, после што во мај беше одобрена за постарите деца.
Датумот на почетокот на вакцинирање кај децата варира, но најголем дел од доаѓањето на првите пратки вакцини. Белгија веројатно нема да почне со вакцинирање на помалите деца до почетокот на февруари за властите да можат да ги подготват прописите. Шпанија, која со повеќе од 90% од вакцинирани кај постарите до 12 години е една од највакцинираните земји во светот, со вакцинирање на помладите почнува на 15 декември.
Во Германија и во Холандија децата сега сочинуваат најголем дел од заразените. Инјцијативата за вакцинирање на децата се случува паралелно со големиот бран на зараза во Европската унија, каде што има половина од активните светски случаи на заразени и половина од умрените. Околу 27 милиони деца на возраст од 5 до 11 години се подобни за вакцинирање.
(Zimo)
(фото: Freepik)