Лондон ги претвора своите двокатни автобуси во засолништа за бездомници

- Advertisement -

Флота од четири двокатни автобуси кои веќе не се користат во Лондон социјалното претпријатие Buses4Homeless ќе ги претвори во засолниште за бездомници. Таму тие ќе имаат простор за спиење, јадење, готвење, обучување за работа и релаксирање. Ова лето тие автобуси ќе згрижат 40 бездомници.

„Најбитно нешто за секој човек е засолништето, да има место каде да престојува. Она што недостига во Лондон е поголем број на кревети во засолништата, а поседувањето дом е неостварлива цел за премногу луѓе“ вели основачот на Buses4Homeless, Ден Аткинс.

- Advertisement -

Бездомништвото изминатата деценија е во пораст во Велика Британија, додека расте цената на кириите, а нема ссоцијална помош и социјални станови. Изминатата година бројот на луѓе кои спијат под отворено небо или каде што ќе најдат пораснал за 18%.

Аткинс дошол на идејата откако видел негов пријател како спие во делот за багажот во стар воз. Тој вели дека сакал да разбере како и зошто луѓето стануваат бездомници и да им помогне да се реинтегрираат во општеството. Автобусите, кои ги донира транспортната компанија Stagecoach, ќе обезбеди тримесечна програма во текот на кои патниците ќе научат како да готват, ќе добијат обука за работа и часови по јога.

Сподели!
- Advertisement -