Во просториите на Ист Гејт Мол во Скопје денеска е отворен Саем на туризам, каде ќе се презентираат дваесет хотелиери од Турција.Како што е најавено, посетителите на саемот ќе имаат можност да го резервираат својот летен одмор и туристичко патување по специјални попусти кои ќе бидат достапни директно на саемот, така што за нив се предвидени и подароци, но исто така се потенцијални добитници на подарок летување во Турција или Грција.
На саемот ќе се презентираат 20 хотелиери од Турција кои на македонските граѓани им се познати бидејќи Анталија им е една од омилените дестинации за летен одмор, се наведува во соопштението.На настанот ќе се обрати Емрах Сејид, генерален менаџер на ВАС Тур Турција, Елизабета Кочева Јосифовска од ЈК Травел и Љупчо Јаневски од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот во земјава.