Младите студенти изработија платформа за промоција на земјоделски производи и заштита на биодиверзитетот

- Advertisement -

Растителниот биодиверзитет е од огромно значење за разновидноста во здравата исхрана на луѓето, а со тоа игра значајна улога за здравјето на луѓето. Земјоделците се можеби најсвесни луѓе за значењето на природата и тоа какви придобивки би имало доколку се штити природата и биодиверзитетот.  Сепак, добредојдена е поголема поддршка со совети за заштита на биодиверзитетот, како и платформи за промоција и поврзување со купувачи.

Таква помош овој пат за земјоделците нуди тимот #ReFRESH Agriculture кој во рамките на двата виртуелни хакатони кои се одржаа во декември 2020 година, изработија веб платформа преку која ќе им понуди на земјоделците промоција, а со тоа ќе го заштити македонскиот агро-биодиверзитет.

- Advertisement -

Хакатоните #ReFRESH Agriculture&Tourism ги организира Студентскиот парламент ФИНКИ, со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка, преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ. На хакатоните учествуваа студенти од ФИНКИ, факултетот за туризам и при УТМС и факултетот за земјоделски науки и храна и изработуваа дигитални решенија за секторите земјоделство и туризам.

Димитар Танчески од Струга е студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжињерство (ФИНКИ) кој воедно е и дел од тимот кој ја изработи победничката апликација за секторот земјоделство, па тој дава одговори на важните прашања за нивната веб платформа.

- Advertisement -

Новинар – Даниел Шикоски

Која е вашата идеја со која победивте?

- Advertisement -

Желбата за заштита на македонскиот агробиодиверзитет нè доведе до идеја за развој на платформа која ќе понуди промоција, а со тоа и одржување на нашиот агробиодиверзитет. Се надеваме дека со овој наш чекор и искрена желба за промоција и враќање на вкусот и употребата на нашата традиционална кујна според старите рецепти, ќе поттикнеме поголеми чекори кои ќе го заштитат и промовираат македонскиот агробиодиверзитет.

На кој начин таа ќе им помогне на земјоделците?

Нашата платформа на земјоделците ќе им овозможи пласирање на нивните продукти. Идејата се базира на зближување на земјоделците и нивните потенцијални клиенти. Нашата платформа вклучува информативен дел на кој ќе се објавуваат новости и корисни совети од областа на земјоделието.

Нашиот производ предвидено е да има еден вид на симболична претплата со која на земјоделците кои сакаат да објавуваат продукти ќе им биде овозможено да објавуваат продукти во рок од една година.

Дали според вашите анализи би имало интерес кај земјоделците за вашиот производ?

Уникатноста на нашата идеја нè прави оптимисти во однос на ова прашање. Сведоци сме на константните проблеми на земјоделците со пласманот на нивните продукти и веруваме дека нашата платформа ќе биде од голема помош. Нашиот производ е во тек на изработка и се тежнее кон тоа да биде лесно пристаплив, односно, лесен за употреба и само со неколку кликови корисниците да објавуваат производи. Платформата ќе биде достапна за сите корисници и секој кој има пристап до интернет ќе има може да го посети нашиот веб-сајт.

Дали покрај земјоделците, од вашиот производ би имале корист и крајните потрошувачи?

Како и земјодeлците, така и крајните потрошувачи ќе имаат корист од оваа платформа. Пред сè, ќе заштедат време бидејќи сите производи ќе им бидат достапни на едно место, а најмногу корист би имале оние потрошувачи што купуваат производи на големо бидејќи на брз и едноставен начин ќе можат да стапат во контакт со земјоделецот што ги продава тие производи.

Кои се предизвиците со кои се соочивте за време на развојот на вашата идеја?

Предизвиците низ кои поминувавме за време на развојот на платформата е како да ја направиме лесна за користење и на кој начин земјоделците да ги натераме да користат ваков новитет кај нас. Ова го решаваме во консултација со стручни лица и платформата ќе настојуваме да биде лесно достапна и од помош за самите земјоделци.
 
Тимот што работеше на ова решение е составен од три члена, двајца студенти на ФИНКИ и еден студент на Факултетот за земјоделски науки и храна, како и ментори и професори од двата факултети.

Професионалните совети на менторите им биле голема поддршка, што довело до изработка на решение за кое сметаат дека ќе им помогне на земјоделците во Македонија.

На 20 април 2021, со почеток во 11 часот, Студентски парламент ФИНКИ организира онлајн настан на кој победничките тимови на хакатоните #REFRESH Agriculture & Tourism ќе ги претстават своите идеи пред бизнис секторот и потенцијални корисници од секторите земјоделство и туризам. Повеќе информации за настанот: https://www.facebook.com/events/185809760050135/

Сподели!
- Advertisement -