Авиони на надувување ќе ги истражуваат облаците на Венера

- Advertisement -

Авиони полесни од воздухот во иднина ќе може да помагаат да се истражат облаците на Венера. Предложен уште во 2014 година од страна на Northrop Grumman, проектот Venus Atmospheric Maneuverability Platform (VAMP) се состои од испраќање на авиони на надувување од вселената кои ќе ги истражуваат облаците од високата атмосфера на Венера.

Сега Универзитетот Западна Вирџинја открија дека нивните инженери работат на развојот на софтвер кој ќе овозможи таквите авиони да можат автономно да ја истражуваат атмосферата на Венера.

- Advertisement -

Во изјавата од Универзитетот се вели дека главната цел на проектот е предлагање спофтверски решение кое на хибридните авиони ќе им овозможи истражување на атмосферата на Венера. Истражувачите тврдат дека нивниот софтвер ќе може да ги оптимизира патеките за летање имајќи ги предвид силните ветришта и интензитетот на сончевата светлина.

Оригиналниот концепт на Northrop Grumman бил дизајн на авион кој сам се надувува и е доволно лесен за да лета со малку енергија, а истовремено да биде доволно стабилен за да ги издржи силните атмосферски ветришта на Венера. Таквите авиони во текот на денот ќе собираат енергија од Сонцето, а во текот на нота ќе може да лебдат без да трошат воопшто енергија.

- Advertisement -

Ако VAMP авион некогаш отиде на Венера, ќе може да собере информации за сите идни мисии.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -