Мате Римац нуди 1.000 евра ако препорачате личност што ќе ја вработи

- Advertisement -

Групацијата Rimac постојано бара нови работници. Речиси секоја недела на своите страници и на профилите на социјалните мрежи огласува новоотворени работни места и се разбира, ги бараат најдобрите.

Но, до најдобрите и не е толку лесно да се дојде. Затоа, групацијата Rimac се одлучи на интересен потег. Како што напиша Мате Римац на својот профил на Facebook, нудат 1.000 евра на секој што ќе препорача личност која на крајот тие ќе ја вработат.

- Advertisement -

„Како што ги засилуваме производните проекти за бројни глобални автомобилски компании, се шириме на сите нивоа. Овој пат бараме некој за закајнување на нашиот оддел за набавка и логистика. Сите кои ќе пропорачаат кандидати, кои на крајот ќе ги вработиме, ќе добијат 1.000 евра, без оглед на тоа дали се вработени во групацијата Rimac или не“, напиша Римац на Facebook.

Тој додава дека им се потребни искусни професионалци и ги замоли сите да не му одземаат време со препораки за луѓе кои немаат релевантно искуство. Инаку, групацијата Rimac моментално има отворени конкурси за дури 180 работни места а како што најави самиот Римац, идната година планираат да вработат дури 700 луѓе. Оваа пракса можеби не е позната во Хрватска и на Балканот, но се применува во многу светски компании.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -